Јавен повик до мрежи на граѓански организации за доделување грантови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен повик до мрежи на граѓански организации за доделување грантови PDF Печати Е-пошта
Четврток, 31 октомври 2019 08:50

Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) преку програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓанските организации“ објавува јавен повик за доделување грантови за мрежи на граѓански организации. 

CFP compressor

Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик изнесува 22.000 евра. Максималниот износ за кој може да се достави предлог-проект е 4.400 евра (270.600 МКД). Ќе се доделат најмалку 5 грантови.

Рокот за поднесување на апликацијата е 29 ноември 2019 г. најдоцна до 16 часот.

Апликациите доставени по овој рок нема да бидат разгледувани. Апликациите може да се достават по пошта исклучиво со препорачано писмо, по курир или лично на рака на следната адреса: Улица Македонија 43-1/9, 1000, Скопје (види ја локацијата на мапа).

Целосниот повик како и формуларите за аплицирање се достапни на следниве линкови:

Дополнително ќе биде организирана една информативна сесија на 6 ноември (среда) 2019 г. од 11 до 13 часот во просториите на МЦМС (ул. Никола Парапунов 41А, 1000 Скопје). Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за информативната сесија најдоцна до 5 ноември (вторник) 2019 г. на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Целта на овој повик е да овозможи зајакнување на капацитети на мрежите на граѓанските организации за транспарентно и отчетно работење. Во своето работење мрежите на граѓанските организации се соочуваат со сè поголем притисок од страна на донаторите, членките и јавноста да покажат транспарентност и отчетност. Преку воведувањето на кодекси, внатрешни системи и процедури за добро управување, мрежите ќе обезбедат гаранција за своето работење кон своите донатори и крајни корисници. Дополнително, воспоставените внатрешни системи за добро управување ќе придонесат мрежите да бидат поефикасни и успешни во реализацијата на своите проекти и активности, како и да стекнат доверба кај пошироката јавност.

Програмата ја спроведува МЦМС во соработка со БЦСДН и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во периодот од 2018 до 2021 г. Програмата е финансирана од Европската Унија (ЕУ).

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Јавен повик до мрежи на граѓански организации за доделување грантови