Глобално партнерство за ефективна развојна соработка - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Глобално партнерство за ефективна развојна соработка PDF Печати Е-пошта
Сабота, 10 декември 2016 13:25

„Создавањето акциски план за развојна соработка за сите општествени прашања ќе осигура забрзување на растот на земјите и целосно искоренување на екстремната сиромаштија во светот“, изјави претседателот на Кенија, Ухуру Кењата на отворањето на Вториот состанок на високо ниво во Најроби, Кенија што се одржа од 28 ноември до 1 декември 2016 година. Тој во својот воведен говор ги повика владите од целиот свет да им дадат моќ жените и младите за постигнување на Целите за одржлив развој на Обединетите Нации. „Единствено заеднички може да напредуваме и да го оствариме ветувањето за подобра иднина на човештвото дури и пред 2030 година“, рече претседателот Кењата.

Globalno partnerstvo za efektivna razvojna sorabotka 2

Настанот обезбеди уникатна платформа на шефови на држави, министри, раководители на меѓународни организации и лидери на граѓански организации, деловен сектор, фондации, локални власти и парламентарци за да се презентираат успесите и да се идентификуваат иновативни пристапи. Организатор на настанот беше Глобалното партнерство за ефективна развојна соработка, додека домаќин беше владата на Кенија. На настанот учествуваа над 1000 учесници, од кои околу 400 претставници на различни граѓански организации. 

Дел од состанокот беше Форумот за млади чија цел беше хармонизирање на глобалните младински партиципативни процеси и признавање на младинскиот сектор како официјален партнер и чинител за развојна соработка. На форумот на жени беше истакната потребата од зајакнување на Глобалното партнерство со фокус на родова еднаквост и образување на развојните актери кон конкретните заложби. На Форумот на граѓанско општество делегатите од граѓанските организации заеднички дискутираа за своите позиции и пораки, како и за клучните барања на ГО од целиот свет. Тие беа преточени во документот кој произлезе на крајот од конференцијата како насока за ефективна развојната помош. 

Крајниот документ од Најроби покрај досегашните постигнувања, содржи и план како постојните и новите развојни партнери да работат заедно за ефективно да ја забрзаат реализацијата на развојната помош, вклучително 2030 агендата за развојна соработка. 

Со документот се потврдува дека Милениумските развојни цели бележат напредок, но тој е бавен и нееднаков меѓу земјите. 

Globalno partnerstvo za efektivna razvojna sorabotka 3

Сите страни се заложија да влијаат врз негативниот тренд на стеснување на граѓанскиот простор и да обезбедат овоможувачка околина како основа за остварување на глобалната агенда до 2030. Особено е истакната околината за развивање на филантропија, како и дијалогот меѓу повеќе различни засегнати страни на сите нивоа. Документот исто така ја призна и суштинската улога на граѓанските организации како независен партнер во обезбедувањето развојна соработка. Исто така граѓанските организации се признаени како значајно средство преку кое граѓаните може да учествуваат во развојната агенда.

Од друга страна пак, граѓанските организации се заложија за дејствување согласно Истанбулските принципи, што значи, да ги забрзаат напорите за постигнување родова еднаквост да им дадат моќ на жените преку развојните програми, да ги почитуваат и промовираат  човековите права и социјалната правда, да демонстрираат одржлива организациска посветеност за транспарентност, взаемна отчетност и интегритет во нивното внатрешно работење, да реализират одржливи резултати и да влијаат со нивните акции за развојна помош со фокус на сиромашни и маргинализирани групи, да поттикнуваат инклузивни партнерства со цел проширување на демократската сопственост над политиките и развојните иницијативи.

На настанот учествуваше Симона Огненовска од МЦМС како претставник на граѓанските организации од Западен Балкан. МЦМС активно работи на едуцирање и информирање на ГО за развојна помош, како и на следење на овозможувачката околина. Заложбите во овој документ ќе треба да се пресликаат во политиките на властите на национално ниво, со цел Македонија да има позитивен придонес кон глобалната агенда за развој на светот до 2030 година.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Глобално партнерство за ефективна развојна соработка