За кампањите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

За кампањите PDF Печати Е-пошта

МЦМС во своето 20-годишно постоење во повеќе наврати ги употребил кампањите за да ја подигне свеста на граѓаните и да ги поттикне да ја дадат својата поддршка за прашањето или темата на кампањата.

Првата кампања што ја спроведе МЦМС се уште е една од најпознатите. „Цело е кога има се!“ (1999  и 2000 година) Кампањата имаше за цел да го промовира мирот и хуманите вредности. Таа комуницираше преку едноставни пораки укажувајќи на вредностите на животот. Потоа следуваа кампањите: „Јас живеам овде“ (2003); „Кажи Македонија“ (2004); „Велигденска кампања“ (2005 – продолжување на Кажи Македонија); „Кажи ОК за МК“ (2005); „Еден до друг – различни, а еднакви“ (2007), „И НАТО и Македонија“ (2008) и „Донирај од твојот персонален данок на доход“ (2008) и „Чиста сметка – здрава вода“ (2009).

Кампањите на МЦМС не опфаќаат само медиумска презентација туку и централни но, и децентрализирани настани. Ова овозможува полесен пристап до оние на кои им се наменети пораките од кампањите.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна За нашата работа Јакнење свест и кампањи За кампањите