Голем интерес и одговорени прашања на инфо сесијата за акциски грантови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Голем интерес и одговорени прашања на инфо сесијата за акциски грантови PDF Печати Е-пошта
Вторник, 12 март 2019 20:38

Околу 300 претставници на граѓанските организации ја проследија првата информативна сесија за повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас, од кои 110 ја следеа онлајн. Тие слушнаа повеќе за повикот, за тоа какви активности се очекуваат од организациите, за типот на трошоци кои можат да бидат финансирани, за содржината на пријавата и сл.

DSC 0723 2

Тимот на Цивика мобилитас детално ја објасни постапката за аплицирање и содржината на пријавата. Учесниците имаа можност да ги разјаснат нивните недоумици и на самото место да добијат одговори на конкретните прашања во врска со програмата и повикот. Дел од прашањата се однесуваа на тоа каков тип на организации можат да поднесат пријави за проект, а кој се може да биде во улога на партнер или соработник; каков треба да биде статусот на лицата кои ќе бидат ангажирани на проектот; дали организациите кои ќе бидат дел од овој повик, во било која улога, можат да побараат и друг тип грант од Цивика мобилитас; дали парите од проектот можат да се користат за инфраструктура итн.

Сите поставени прашања за време на информативната сесија ќе бидат и јавно објавени и одговорени на е-платформата на Цивика мобилитас.

DSC 0727 2

Повикот за акциски грантови беше отворен на 26 февруари. Рокот за поднесување на пријавите е 25 март 2019 година. За прашања поврзани со повикот, организациите можат да контактираат со канцеларијата на Цивика мобилитас најдоцна до 15 март 2019 година на телефон 02/3065 381 или на е-пошта: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Предложените активности треба да траат нахмалку 12, а најмногу 24 месеци. Големината на грантовите ќе биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари, а расположливиот вкупен износ за повикот е 20 милиони денари.

Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Голем интерес и одговорени прашања на инфо сесијата за акциски грантови