Слабо развиен и неинформиран граѓански сектор во Струга - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Слабо развиен и неинформиран граѓански сектор во Струга PDF Печати Е-пошта
Вторник, 05 март 2019 12:34

Граѓанските организации и неформалните групи побараа поголемо вклучување при подготовката и спроведувањето на локалните политики за време на Мобилниот ресурсен центар кој се одржа на 25 февруари во Струга. Истиот беше организиран во партнерство со и во просториите на Центарот на зaедницата на општина Струга.

20190305 vest mrc struga 1080x639

Во дискусијата се вклучија 10 учесници, кои истакнаа дека е потребно секторски и здружено да делуваат со цел да се иницираат промени на локално ниво.

Струга се соочува со слабо развиен граѓански сектор и со мал број на активни организации кои делуваат во тој регион. Ова резултира со неискористена можност за подготовка на проекти за прекугранична соработка и покрај добрата местоположба.

Центарот на заедницата на општина Струга претставува точка на соработка на локалната самоуправа со граѓанските организации и граѓаните. Неговото опстојување е потпомогнато од самата општина.

На годишно ниво, општината одвојува средства наменети за проекти на граѓанскиот сектор, но тие беа оценети како недоволни за реализација на повеќето од активностите. Присутните побараа доделените грантови и нивните добитници транспарентно да се објават на веб страната на општината. Граѓанските организации исто така ја изразија нивната недоверба кон донаторите и распределбата на средствата по организации.

Локалните граѓански организации не се доволно запознаени со заложбите на Владата за поддршка и соработка со граѓанскиот сектор. Оттаму произлезе препораката до институциите тие да бидат проактивни во информирањето за Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор и Стратегијата на Владата на Република Македонија за соработка со и развој на граѓанскиот сектор 2018 – 2020 година.

Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа плус од Штип.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Слабо развиен и неинформиран граѓански сектор во Струга