Донација за здравствените работници - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Донација за здравствените работници PDF Печати Е-пошта
Петок, 08 мај 2020 18:08

Над 700 здравствени работници од Универзитетските клиники за детски болести и за гинекологија и акушерство вчера, 7 мај 2020 година добија 1462 медицински одела како донација од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и штедилницата Можности. На овој начин, организациите им излегуваат во пресрет на се поголемите потреби на здравствените работници за заштитна облека што произлегува од кризата предизвикана од вирусот Ковид-19.

donacija2

 „Сакавме помошта да има повеќе ефекти па затоа, медицинските одела се сошиени во текстилна фабрика во Берово, со што, веруваме дека помагаме и за задржување на работните места на вработените“, рече Тетјана Лазаревска, извршен директор на МРФП. Организациите нема да бараат враќање на ДДВ, согласно регулативата за донации од јавен интерес, со што ќе придонесат и во буџетот на државата. 

Солидарноста воопшто, а особено солидарноста кон оние кои се најизложени во борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот е една од клучните вредности од кои треба да се водиме во работењето во вакви кризни времиња. Веруваме дека со оваа донација, барем малку придонесовме за практикување на оваа вредност.

donacija1

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Донација за здравствените работници