„Четвртина од случаите на дискриминација се по повеќе основи“ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„Четвртина од случаите на дискриминација се по повеќе основи“ PDF Печати Е-пошта
Петок, 29 март 2019 00:10

20190401 Vest diskriminacija 2

„Нашето законодавство ја уредува повеќекратната дискриминација, вклучително и формите на кумулативна и интерсекциска дискриминација кои со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација се јасно дефинирани. Ова особено е битно бидејќи повеќратната дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација, кој потешко се докажува и не секогаш соодветно се санкционира“, рече во своето излагање Жанета Попоска од Мисијата на ОБСЕ во Скопје на вчерашната (28.3.2019) дебата на Граѓанскиот ресурсен центар за повеќекратна дискриминација. Покрај разграничувањето на  кумулативната и интерсекциската дискриминација, таа посочи и повеќе примери од праксата на Судот за човекови права во Стразбур каде се третирале и докажале случаи на повеќекратна дискриминација. 

Ѓултен Мустафова од Министерство за труд и социјална политика (МТСП), говореше за улогата на МТСП, Националното координативно тело за недискриминација (НКТ), и на Комисијата за заштита од дискриминација во справувањето со повеќекратната дискриминација.

„Во однос на постапувањето на Комисијата со новиот закон се скратуваат роковите за да може побрзо да постапува и се вклучува одредба за задолжителна обврска на Комисијата да иницира прекршочни постапки“, рече Мустафова. Освен тоа ги дискутираше програмата за работа на НКТ и Националната стратегија за еднаквост и недискриминација.

20190401 Vest diskriminacija 2 2

Игор Јадровски од Хелсиншкиот комитет за човекови права, рече дека од 80 предмети поврзани со дискриминација за последниве две и пол години, повеќе од една четвртина се случаи на повеќекратна дискриминација. Во овој период најчести истовремени основи за дискриминација се полот и родот. Тој презентираше конкретни примери на повеќекратна дискриминација и исходот по поднесените претставки. Исто така, посочи дека тестирањето на ситуации е експлицитно наведено во новиот закон како доказ кој ќе може редовно да се употребува во судската постапка за да се докаже дискриминација.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести „Четвртина од случаите на дискриминација се по повеќе основи“