Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Какви се изгледите на кандидатите за градоначалници на Скопје? PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 09 октомври 2017 21:08

Кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ (37,1%) и советничката листа на истата коалиција (33,8%) имаат блага предност пред кандидатот (34,6%) и советничката листа (31,7%) на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, покажа последната анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма  посветена на рејтинзите на кандидатите за градоначалници и листите за советници за град Скопје.

rejtinzi na kandidati za gradonacalnici i sovetnicki listi za grad skopje

Според резултатите, повеќе параметри влијаат на изборот на граѓаните. Гледано од аспект на етничката припадност – кандидатот Петре Шилегов и советничката листа на коалицијата предводена од СДСМ имаат поголема поддршка кај етничките Албанци од противкандидатот Коце Трајановски и советничката листа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатот Шилегов, на пример, има поддршка кај 58,6% од етничките Албанци за разлика од неговиот конкурент Трајановски за кого оваа поддршка изнесува 4,8%. Што се однесува до поддршката кај етничките Македонци, во предност е Трајановски (42,3%) за 11,4 процентни поени пред Шилегов (30,9%).

И местото на живеење влијае на одговорите.  Испитаниците кои живеат во село во поголем број го поддржуваат кандидатот Коце Трајановски (45,6%), додека кандидатот Петре Шилегов има поголема поддршка кај оние кои живеат во град (40,1%). Што се однесува до возраста, со зголемувањето на возраста расте поддршката на кандидатот Коце Трајановски, додека кандидатот Петре Шилегов има поголема поддршка кај помладите. Покрај ова, на одговорите влијае и работниот статус и образовната структура.

rejtinzi na kandidatite izbori 2017Анкетата исто така покажа опаѓање на бројот на неопределените за речиси 20 процентни поени во однос на истражувањето направено во февруари 2017 година.

Повеќе информации за анкетата можете да најдете во истражувачкиот извештај Локални избори 2017 – Рејтинзи на кандидатите за градоначалник на Скопје и на листите за советници“.

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците за оваа анкета беа прибирани со телефонска анкета во периодот помеѓу 23 септември и 2 октомври 2017 година, на репрезентативен примерок за град Скопје од 1513 испитаници.

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД.

 

Проекти

Civica Mobilitas

 

Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Какви се изгледите на кандидатите за градоначалници на Скопје?