Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Новите вештини за обучување веднаш ќе се применат во организациите PDF Печати Е-пошта
Вторник, 18 јули 2017 13:05

Осуммина претставници на граѓански организации се стекнаа со вештини на обучувачи за време на истоимената обука што се одржа од 3 до 5 јули 2017 година во Скопје.

Novite veshtini za obuchuvanje vednash kje se primenat vo organizaciite 1

„Како младински работник речиси секојдневно се наоѓам во ситуација да организирам настани од креативни работилници до обуки за лично усовршување. Знаењата и вештините што ги стекнав на обукава, ќе ги применам на овие настани“, рече еден од учесниците.

И другите учесници имаат планови за употреба на новостекнатите знаења и вештини, па велат дека ќе бидат применети „во организацијата, за развој на другите колеги како и за другите обуки кои организацијата планира да ги спроведува“, потоа за „ држење на презентации, обуки, инфо сесии, подготовка на слични настани“, за „едукација на помладите“ итн.

Novite veshtini za obuchuvanje vednash kje se primenat vo organizaciite 2

Учесниците имаа можност да слушнат и практикуваат повеќе техники и вештини за фацилитација, зборуваа за комуникациските вештини и за учењето кај возрасните.

Обуката ја организираа Ресурсниот центар на ТАКСО воден од Македонски центар за меѓународна соработка и Македонската канцеларија на проектот ТАКСО. Обучувачи беа Валентина Чичева и Гонце Јаковлеска од МЦМС.

 

Проекти

Civica Mobilitas Tacso

Ново

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Новите вештини за обучување веднаш ќе се применат во организациите