Издвоените мислења на судијката Наташа Габер-Дамјановска во една публикација - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Издвоените мислења на судијката Наташа Габер-Дамјановска во една публикација PDF Печати Е-пошта
Вторник, 31 мај 2016 15:37

vo-odbrana-na-ustavot-i-civilizaciskite-vrednostiМЦМС со заедно со проектот Техничка поддршка нза граѓанските организации 2 – ТАКСО 2 ја издаде публикацијата „Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности“ на д-р Наташа Габер – Дамјановска.

Публикацијата е збирка на дел од издвоените мислења на судски одлуки и решенија на судијката на Уставниот суд д-р Наташа Габер-Дамјановска. „Мотивот за објавување на оваа книга лежи во личната потреба да ги споделам со јавноста сопствените ставови и размислувања искажани за бројни правни дилеми со кои сум се сретнала во уставносудската пракса“, вели судијката Габер-Дамјановска.

„Во одбрана на Уставот и цивилизациските вредности“ содржи 16 донесени одлуки и решенија на Уставниот суд за одбиени барања, неповедени или запрени постапки за различни прашања и исто толку издвоени мислења, а се однесуваат на прашања како: слобода на јавното изразување, право на прекинување бременост, работничките права, слободата на здружување и сл. Публикацијата првенствено е наменета за граѓанските организации и активисти, но исто толку е релевантна и за научната и за стручната јавност, за студентите, за судиите, за новинарите, за политичарите и за креаторите на јавното мислење.

Судијката Габер-Дамјановска смета дека обврска на судијата  е да се обидува преку неговата работа да обезбеди оживотворување на Уставот преку негова хармонизација на законите и другите акти, доследна реализација на уставнозагарантираните права и принципи, како и сеопфатно владеење на правото.

Публикацијата е одговор на интересот на граѓанските организации за издвоените мислења на судијката и придонес кон приближување до јавноста на дебатата за клучните општествени прашања која се води во највисоката институција одговорна за заштита на уставноста и законитоста, но и заштита на правата и слободите на граѓаните.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Издвоените мислења на судијката Наташа Габер-Дамјановска во една публикација