Регионален состанок на сите чинители на ТАКСО проектот - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионален состанок на сите чинители на ТАКСО проектот PDF Печати Е-пошта
Четврток, 05 ноември 2015 19:01

На 6 и 7 октомври во Бечиќи, Црна Гора се одржа регионален состанок на Советодавните групи на проектот ТАКСО. Учествуваа претставници од седум земји од регионот и тоа од советодавните групи на проектот, ресурсните центри на ТАКСО, тимот на ТАКСО, делегациите на ЕУ, како и претставници од Директоратот за соседство и проширување на ЕУ.

 tacso-wide

Имајќи предвид дека од август 2014 година се избрани локални организации како ресурсни центри на проектот,  овој состанок ги обедини на едно место сите клучни чинители кои имаа можност да го согледаат тековниот развој на проектот и да дадат свои предлози и насоки за во иднина.

Покрај досегашните искуства и најдобрите практики, присутните ги дискутираа и предизвиците и можностите за подобрување на спроведувањето на активностите.  Идните планови беа дискутирани во три групи: компонентата за јакнење на капцитети и поддршка на овозможувачката околина за граѓанските организации; потоа, идниот пристап на програмата „Луѓе за луѓе“, и подобрувањето на видливоста на граѓанските организации.

Особен предизвик беше дискусијата за иднината на ресурсните центри видена од перспектива на различните чинители во проектот. На состанокот беше заклучено дека советодавните групи се важен сегмент за проектот, а со тоа и за развој на граѓанскиот сектор. Тие треба да ја задржат досегашната функција на давање насоки за прогресот на проектот, но исто така, во земјите каде што нема други механизми за соработка со државните институции, да служат како простор за дискусија за предизвиците на граѓанскиот сектор.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Регионален состанок на сите чинители на ТАКСО проектот