Развиени осум проектни идеи - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Развиени осум проектни идеи PDF Печати Е-пошта
Четврток, 05 ноември 2015 14:35

Македонската канцеларија на ТАКСО, заедно со ресурсниот центар воден од МЦМС, во периодот од 20 до 22 октомври во Маврово спроведе тридневна обука за основи на раководење со проекти – алокација на ресурси и буџетирање.

Mavrovo 1

Оваа обука беше завршна фаза од циклусот на поддршка за раководење со проекти. Учествуваа  организациите кои во претходната фаза подготвија логички рамки за проекти на кои планираат да работат во наредниот период и со кои сакаат да се пријават за грант. На обуката учесниците работеа на ревизија на логичките рамки, на дефинирање на индикатори за оценка на успехот на проектот, проценка на претпоставките и ризиците, алокација на потребните ресурси, подготовка на буџет и подготовка на акциски план.

„Обуката беше успешна затоа што преку темелни, стручни предавања и најмногу преку практични вежби научивме како се подготвуваат проекти, како се аплицира пред потенцијални донатори, како се раководи со проекти“, истакна Славчо Митевски од „Туристичка иднина“. И Самет Абдули од „Заедно за Река“ смета дека обуката била квалитетна и создала извонредна прилика за надградба на стекнатите знаења, соработка на високо ниво и добра интеракција помеѓу учесниците. Своето задоволство од обуката не го криеше ни Емилија Илиевска од ЦРЗ ДРОМ. „Се надевам дека ТАКСО ќе продолжи да организира вакви настани“, рече таа.

Mavrovo 2

На обуката учествуваа 27 претставници од 14 организации. Дел од организациите работеа во партнерство и подготвија заеднички проекти. Беа развиени осум проектни идеи кои опфатија различни теми: учење за човекови права и анти-дискриминација, образование на мајчин јазик кај припадниците од српската заедница, зголемување на интересот за производство на органска храна, ран визуелен скрининг кај деца и др.

Пред и по завршувањето на обуката беше направен тест кој покажа зголемување на знаењето на учесниците во просек за 21%. Учесниците високо ја оценија обуката и постигнувањето на зацртаните цели.

Првата фаза се одржа во мај 2015 кога низ тридневна обука учесниците се запознаа со фазите на проектниот циклус, со алатките за анализа на проблемите и за дизајнирање проектна стратегија и со елементите на логичката рамка.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Развиени осум проектни идеи