Промоција на првите акциски грантисти на Цивика мобилитас - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Промоција на првите акциски грантисти на Цивика мобилитас PDF Печати Е-пошта
Четврток, 22 октомври 2015 15:49

DSC 8205

Цивика мобилитас, денес (22 октомври 2015 година) ги промовираше првите 15 акциски грантисти. Добитници на акциски грантови се:

Форум – Центар за стратешки истражувања и документација, Скопје - Зајакнување на капацитетите на месните и урбаните заедници; Медиа плус, Штип - Мојата општина и јас граѓанинот; Диверзити медиа, Скопје - Глокал дискусии МК; Натура, - Мониторинг на процесот на издавање на Б интегрирана дозвола; Центар за управување со промени, Скопје - Поголема партиципација – подобри политики и регулативи; Црвен крст на Р. Македонија – Црвен крст на град Скопје - Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности; Организација на потрошувачите на Македонија, Скопје - Зајакнување на капацитетите на граѓанското општеество за поттикнување и заштита на потрошувачите и нивните права; Еднаков пристап, Скопје - Пристап на жените до правда; ГАУС институт – Фондација за нови технологии, иновации и тренсфер на знаење - Иницијатива за јакнење на партиципативната култура во урбанистичкото планирање во РМ; Институт за општествени и хуманистички науки, Скопје - Граѓанските организации во промоција и застапување на правото на слобода на изразување и застапување; „Агропродукт“, Штип - Стоп за миграцијата на земјоделците од ридско планинските подрачја; Македонски центар за европско образование, Скопје - Трансфер на знаење за политиките на ЕУ за намалување на разликите меѓу граѓанските организации од скопскиот и другите плански региони, Култ-транзен, Струмица - Развивање и ревитализација на руралните заедници преку уметност и култура; Институт за истражување на политики и добро владеење, Скопје - Интеретнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија и Центар за ромска заедница „Дром“ - Превенција од современите форми на трговија со луѓе.

Првите акциски грантови имаат вкупен буџет од над 25 милиони денари и наменети се за поддршка на граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности. Проектите вклучуваат оспособување на конституентите на граѓанските организа-ции; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени за што се залага и Цивика мобилитас.

DSC 8319

На грантистите им честиташе Амбасадорот на Швајцарија во Македонија, неговата екселенција Стефано Лазарото.  

Новата фаза на Цивика Мобилитас која ќе обезбеди поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во следните четири години започна во октомври минатата година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци.

 
Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Промоција на првите акциски грантисти на Цивика мобилитас