Повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на извештај Барометар за еднакви можности - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на извештај Барометар за еднакви можности PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 15 мај 2023 13:52

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) објавува повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на извештај Барометар за еднакви можности.

Povik za konsultant 2

Со подготовка на Барометарот за еднакви можности целта е да се обработат и анализираат емпириските добиени податоци од спроведената теренска анкета за перцепциите и искуствата на граѓаните и граѓанките на полето на дискриминација. Следењето на трендовите поврзани со ставовите за распространетоста на дискриминација преставува корисна алатка како за општата така и за стручната јавност. Извештајот треба да овозможи сите заинтересирани страни да добијат увид во трендовите и потоа истите да ги користат во подобрување на мерките и политиките на национално ниво во борбата со дискриминација и нееднаквоста.

Доколку сте заинтересирани погледнете го подетално описот на надлежности.

Рокот за поднесување на документите е до 02 јуни (петок) 2023 г. на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите   

Подготовката на извештајот Барометар за еднакви можности се реализира во рамки на проектот „Комисијата за антидискриминација ја извршува својата превентивна и заштитна улога“ кој го спроведува МЦМС, а финансиски е поддржан од Европската Унија. Дополнително, за реализација на оваа активност се направи синергија со Мисијата на ОБСЕ во Скопје кои се вклучени во подготовката и реализацијата на истата. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Повик за ангажирање на консултант/ка за подготовка на извештај Барометар за еднакви можности