Повик за ад-хок грантови - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за ад-хок грантови PDF Печати Е-пошта
Четврток, 08 април 2021 10:06

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и  Балканската мрежа за развој на граѓанско општество (БЦСДН) ги охрабруваат граѓанските организации, мрежите, медиумите и активистите од Западен Балкан да аплицираат за финансирање преку Повикот за ад-хок грантови. Грантовите се наменети за поддршка во борбата против нападите и притисоците што го попречуваат граѓанскиот простор!

Regional Hub Call for Ad Hoc 1

Специфични цели на повикот се:

  1. Граѓанските организации придонесуваат кон поволна средина за развој на граѓанското општество што им овозможува да бидат влијателни актери во општеството.
  2. Граѓанските организации придонесуваат кон ефективна, транспарентна и отчетна работа за заштита на граѓанскиот простор.

Времетраењето на поддржаните активности може да биде од 5 дена до 2 месеци во зависност од видот на побарана поддршка, а максималниот износ по грант изнесува 10.000 евра.

Повикот ќе биде отворен за аплицирање до 31 декември 2021 година.

Сите потребни информации поврзани со Повикот за ад-хок грантови ќе ги најдете на: https://bit.ly/3dkZ1Gm

Овој повик е дел од проектот „Заштита на граѓанскиот простор – регионален центар за развој на граѓанското општество“, спроведуван од БЦСДН, а финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА). МЦМС е партнер во проектот од РС Македонија.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Повик за ад-хок грантови