Обука за управување со ризик во граѓански организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за управување со ризик во граѓански организации PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 16 ноември 2020 11:02

Обуката за управување со ризик во граѓанските организации која се спроведува по втор пат има за цел да допринесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за предвидување и управување со ризиците (надворешни и внатрешни).

obuka za upravuvnje

 

Оваа обука се фокусира на воспоставување и практикување на функционален систем на управување со ризик во организациите и тоа:

  • што се подразбира под управување со ризик и зошто е важен за граѓанските организации;
  • како може граѓанските организации да воспостават систем на управување со ризик и кои се бенефитите;
  • категории на ризик;
  • воспоставување на матрица на ризици;
  • анализа на ризици и нивно ублажување.

Поради настанатата ситуација со Ковид-19, методологијата на работа ќе биде организирана во живо на ЗООМ сесии со цел да се запази интерактивното вклучување на учесниците за успешно завршување на обуката. Учесниците за усвојување на оваа материја ќе имаат можност да вежбаат низ практични примери со задавање на задачи низ работа во групи.

За оваа обука ќе се селектираат 15 претставници од граѓанските организации во земјата. Обуката ќе се реализира на 18, 23, и 26 ноември 2020г. Точното време ќе биде дополнително соопштено со селекти раните учесници. Учесниците ќе треба да се вклучат на групни ЗООМ состаноци во живо затоа ќе  биде неопходно учесниците да имаат пристап до интернет и компјутер.

Обуката ќе ја води Вероника Водлан, консултант за проекти во ЦНВОС – национална мрежа на граѓански организации во Словенија. Таа има големо искуство во граѓанскиот сектор и повеќе од 15 години искуство во управување со  програми и градење на капацитетите на организациите во Словенија и регионот. Вероника е дел од низа меѓународни иницијативи и програми, а од 2009 до 2014 беше офицер за грантови за НВО програмата на ЕЕА и Норвешка.

Обуката ќе биде спроведена на англиски јазик.

Повеќе информации и пријавување.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Обука за управување со ризик во граѓански организации