Обука за евроинтеграции за граѓански организации - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за евроинтеграции за граѓански организации PDF Печати Е-пошта
Четврток, 12 ноември 2020 15:51

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма ги покануваат сите заинтересирани претставници на граѓански организации да се пријават на обуката за евроинтеграции која ќе се одржи онлајн на 26 и 27 ноември 2020 година.

obuka za evrointegracii

На обуката учесниците ќе се стекнат со знаења за процесот на пристапување, институциите кои се вклучени во него од страна на ЕУ но, и од наша страна како кандидати за членство. Заедно со обучувачите ќе разговараат за тоа каде се граѓанските организации во процесот и како организациите да бидат проактивни нудејќи ја својата експертиза. На обуката ќе се зборува и за тоа каде е Македонија сега во процесот на евроинтеграции, што е скринингот, а што билатералниот скрининг, што значи да се почнат преговори, како ќе се утврдуваат преговарачките позиции и како ќе се преземаат обврските за прилагодување на нашето кон ЕУ законодавството. Дел од програмата ќе бидат и извештаите за напредокот и новата методологија за преговори.    

Ги поттикнуваме да се пријават сите оние кои сакаат да се стекнат со нови или да ги прошират своите знаења во областа на евроинтеграциите и кои се силно мотивирани во иднина да го пренесат нивното знаење на другите.

Рокот за пријавување  е 22 ноември 2020 година. Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата.

Пријавите ќе бидат оценети и селектирани од страна на МЦМС, Телма ТВ и обучувачите. Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна на 23 ноември 2020 година.

Обуката ќе биде спроведена онлајн.

За сите дополнителни информации контактирајте го Горан Стаматоски, на е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Обуката е дел од проектот ЕУро Фокус што го спроведуваат МЦМС и Телевизија Телма, а финансиски е поддржан од проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи Обука за евроинтеграции за граѓански организации