Вести - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Вести
МЦМС и НИРАС ќе ја подготвуваат новата програма за развој на граѓанското општество PDF Печати Е-пошта
Вторник, 29 октомври 2013 00:00

Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) ги ангажираше данската компанија НИРАС и МЦМС да ја подготват новата програма за развој на граѓанското општество. Подготовката ќе трае од октомври 2013 година до март 2014 година. Во текот на октомври беа одржани две работилници на кои учествуваа партнерските организации, а на дел од сесиите и претставници на СДЦ. Во ноември ќе бидат организирани осум тркалезни маси со граѓански организации низ Македонија и неколку состаноци со други засегнати страни.

 
Дебата: Предизвиците на повеќекратната дискриминација PDF Печати Е-пошта
Четврток, 24 октомври 2013 13:54
lau-fig12 004

На 31 октомври 2013 г. (четврток) во 11:00 ч. во х. Холидеј ин, Скопје, МЦМС организира дебата на тема „Предизвиците на повеќекратната дискриминација“. Ве покануваме да се придружите на настанот и со вашите дискусии придонесете кон дискусијата за ова важно прашање. Воведни излагања ќе имаат Јован Ан [ … ]

 
Дискриминација по основ на пол има, ама жените треба поактивно да се борат против неа PDF Печати Е-пошта
Четврток, 17 октомври 2013 13:52
diskriminacija po osnov na pol ima ama zhenite treba poaktivno da se borat protiv nea-2

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) денес, 17 октомври 2013 г. (четврток) во х. Холидеј ин, Скопје, организираше дебата на тема „Дискриминација по основ на пол“.

Во своето воведно обраќање, Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) зборуваш [ … ]

 
Општината да најде начини за реализација на сите проекти PDF Печати Е-пошта
Четврток, 17 октомври 2013 09:05
opshtinata da najde nachini za realizacija na site proekti-1

Граѓаните на општината Шуто Оризари на 9 октомври 2013 година имаа можност да учествуваат на четвртата форумска сесија што се одржа во ОУ Браќа Рамиз-Хамид.

 
Дебата: Дискриминација по основ на пол PDF Печати Е-пошта
Вторник, 15 октомври 2013 08:50
Bilbord-progres-pecat

На 17 октомври 2013 г. (четврток) во 11:00 ч. во х. Холидеј ин, Скопје, МЦМС организира дебата на тема „Дискриминација по основ на пол“. Ве покануваме да се придружите на настанот и со вашите дискусии придонесете кон дебатата за ова важно прашање.

 


Страна 154 од 247

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести