Огласи - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Огласи
Оглас за сместување на студенти од САД и Канада кои имаат македонско потекло [од 10-31 јули 2015] PDF Печати Е-пошта
Вторник, 12 мај 2015 15:27

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД), во рамки на  глобалниот проект „The Macedonian Heritage Village“, за првпат оваа година ја спроведува својата програма „BIRTHRIGHT MACEDONIA (BRM)“ во партнерство со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Мисијата на оваа програма е да им обезбеди на младите кои имаат македонско потекло и живеат во странство, тринеделен престој во Македонија (10-31 јули 2015).

 
Цивика мобилитас: Повик за акциски грантови [ЦМ-АКТ-01] PDF Печати Е-пошта
Вторник, 21 април 2015 12:36
Civica Logo Clr

Цивика мобилитас објавува повик за доделување акциски грантови [ЦМ-АКТ-01]

Акциските грантови на Цивика мобилитас ги поддржуваат граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности, а кои вклучуваат оспособување на нивните конституенти; јакнење на односите со граѓаните, [ … ]

 
Повик за доставување предлог проекти: Балкански фонд за јавни политики PDF Печати Е-пошта
Вторник, 21 април 2015 08:38

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) заедно со организациите членки го објави третиот повик за доставување предлог проекти кои ќе опфатат подготовка на документи за јавни политики во рамки на регионалниот проект „Acquis на балканското граѓанско општество - јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“.

На повикот можат да учествуваат граѓанските организации регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010).

 
Цивика мобилитас: Прв повик за институционални грантови PDF Печати Е-пошта
Среда, 10 декември 2014 17:01
Civica Logo Clr

Повикот се однесува на граѓански организација кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010). Институционалните грантови на Цивика мобилитас ќе го поддржат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти, засновани на самооценка н [ … ]

 
Продажба на патнички возила со прибирање на писмени понуди PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 23 јуни 2014 08:02

Македонскиот центар за меѓународна соработка огласува продажба на патнички возила со прибирање на писмени понуди

  • Предмет на продажба

Се продаваат патнички возила, во сопствeност на Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) на ул. Никола Парапунов 41а, пф.55, 1060 Скопје, и тоа:

 


Страна 13 од 25

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Огласи