СЕЛДИ билтен за анти-корупција #55 - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

СЕЛДИ билтен за анти-корупција #55 PDF Print E-mail
Tuesday, 20 October 2020 21:36

20201103 SELDI bilten 55

Проверете го новото издание на билтенот на Мрежата за развој и интегритет на Југоисточна Европа – СЕЛДИ и информирајте се за случувањата од областа на добро владеење и корупција во регионот.

Прочитајте за изборите во Црна Гора и политичките промени таму, за новиот портал www.antikorupcija.info, за серијата консултации со граѓанските организации во Албанија како дел од Отвореното владино партнерство, како и за новиот закон за јавни набавки во Босна и Херцеговина.

Меѓу новите извештаи и анализи од регионот се најдоа резултатите од анкетата за јавното мислење за услугите на јавната администрација; брифот за ефектите на Ковид-19 врз доброто владеење, владеењето на правото и граѓанското општество; како и студијата за авторитарното влијание во Западен Балкан.

Покрај тоа, билтенот ги содржи и клучните наоди од најновите извештаи на Европската Комисија за секоја од земјите од Западен Балкан.

Билтенот е подготвен во рамки на програмата „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за мониторинг застапување и подигање на јавната свест (СЕЛДИ)”, која се спроведува од Mрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа (СЕЛДИ), чиј координатор е МЦМС.

Програмата е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News СЕЛДИ билтен за анти-корупција #55