Реформите во здравството и образованието се најприоритетни за граѓаните - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реформите во здравството и образованието се најприоритетни за граѓаните PDF Print E-mail
Friday, 26 June 2020 20:30

Реформата во здравствениот и образовниот систем се на врвот на листата најзначајни реформи, односно реформи кои би имале најпозитивен ефект врз секојдневниот живот на граѓаните. Ова го покажа најновото истражување на МЦМС и Телевизија Телма посветено прашањата на евроинтеграциите. Речиси една третина од граѓаните (32%) на прво место го ставиле здравствениот систем, а речиси една четвртина (23%) предност му дале на образованието. На трето место според важност е борбата против корупцијата (12%). Резултатите се изненадување ако се имаат предвид претходни истражувања во кои првите неколку места се резервирани за тнр. егзистензијални прашања како вработувањето, сиромаштијата или економијата генерално. 

Reformite vo zdravstvoto i obrazovanieto se najprioritetni za gragjanite

Интересот за образовната реформа опаѓа со зголемувањето на возраста на испитаниците од 34% кај оние на возраст помеѓу 18 и 29 години на 15% кај оние над 66 години. Од друга страна пак, здравствената реформа, гледано по возрасни групи, им е најважна на оние над 66 години (40%). Гледано низ призмата на етничката припадност, етничките Македонци (34%) се позагрижени за реформата на здравствениот систем во однос на етничките Албанци (22%), додека последниве се повеќе заинтересирани за борбата против корупцијата (20%) во споредба со нивните сограѓани етничките Македонци (10%).

Реформата на правосудството е најприоритетна за 11% од граѓаните. За сите други, како што е реформата на јавната администрација, подобрата животна средина, заштитата на човековите права се изјасниле 6% или помалку од граѓаните. 

Мнозинство од граѓаните (65%) сметаат дека реформите и се потребни на земјата затоа што тие ќе создадат подобар живот, додека 22% сметаат дека тие се потребни за да и обезбедат на државата влез во Европската Унија. Реформи за подобар живот е почест одговор кај етничките Македонци (71%) отколку кај етничките Албанци (49%), односно, реформите за влез во ЕУ има повеќе поддршка кај етничките Албанци (36%) отколку кај етничките Македонци (17%). 

Прашани дали имаат идеја, колку отприлика добива Македонија годишно од фондовите на ЕУ, мнозинство од граѓаните (61%) рекле дека не знаат. Опаѓа бројот на оние кои не знаат со зголемувањето на степенот на образование од 89% кај оние со незавршено основно образование до 45% кај оние со завршено високо образование. Уште поголем е бројот на оние кои не слушнале за проект финансиран од ЕУ, односно тој процент изнесуваат 82%. Проектите за кои слушнале испитаниците најчесто се однесуваат на изградба на патишта, рурален развој (ИПАРД), справување со Ковид-19, екологија, здравство и подобрување на образованието. 

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците за последната анкета беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 16 до 21 јуни 2020 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „ЕУро Фокус“, што го поддржа проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Реформите во здравството и образованието се најприоритетни за граѓаните