Основците во посета на Ресурсните центри - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Основците во посета на Ресурсните центри PDF Print E-mail
Friday, 27 December 2019 16:57

Ресурсните центри од Скопје, Штип и Гостивар одржаа интерактивни информативни средби со ученици од локалните основни училишта на 27 декември 2019 година. Како „влезница“ за средбата, учениците донесоа рачно изработени украси од рециклирани материјали со кои ги украсија новогодишните елки на Ресурсните центри.

20191227 poseta na osnovci

Учениците ги надградија нивните познавања за граѓанскиот сектор и граѓанските организации, се мотивираа за да волонтираат и размислуваа за тоа како можат активно да придонесат за заштита на животната средина.

Освен учењето, преку работа во групи имаа можност да ги споделат нивните искуства и размислувања по прашањата за заштита на животната средина, а потоа истите ги презентираа пред нивните соученици.

Учениците добија подароци од Ресурсниот центар кои ќе им помогнат да ја продолжат нивната амбиција за заштита на средината и волонтерството.

20191227 poseta stip

20191227 poseta skopje

20191227 poseta skopje 2

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Основците во посета на Ресурсните центри