Финансиското работење треба да е јасно и за пошироката јавност - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Финансиското работење треба да е јасно и за пошироката јавност PDF Print E-mail
Monday, 03 June 2019 09:09

Обуката за финансиско управување и транспарентност им овозможи на 20 претставници на граѓанските организации од земјава целосно да се запознаат со стандардите за транспарентност и отчетност во делот на финансиско управување. Таа се одржуваше од 29 до 31 мај во Битола, а учесниците ги зајакнаа нивните вештини и знаења за соодветно и одговорно финансиско управување и зголемена финансиска транспарентност.

DSC 0445 2

„Јас станувам се посвесен дека финансиското работење треба да е јасно не само за нас [граѓанските организации], туку и за сите институции, поединци и пошироката јавност која ги разгледува финансиските извештаи. Во основа, тој е патот за влевање на доверба во непрофитниот сектор како од институциите така и од јавноста”, рече Виктор Илиев од здружението ИНКА.

Обучувачите ги презентираа основните насоки за креирање буџет на организациите; ги упатија учесниците како да го следат текот на парите и кај оперативните и кај директни трошоци; како да подготоват финансиски извештај согласно прописите во земјата (Закон за сметководство на непрофитни организации); им помогнаа да ги разбераткарактеристиките на различни финансиски извори (грантови/донации, економски активности, индивидуално давање, членство, спонзорства и донации и сл.); и да ја разберат важноста на долгорочните финансиски планови и проекции и финансиската контрола.

Марија Џидрова, од Мрежата за регионален развој, истакна дека на оваа обука можела да зборува за сите отворени прашања кои ги имала во врска со правилното финансиско известување и финансиската транспарентност. Таа додаде дека е задоволна од обуката и пристапноста на обучувачите и надвор од официјалната програма.

DSC 0394 2

Во обуката беа опфатени сите аспекти од законските прописи кои влијаат на работа на организациите но, и барањата на донаторите во однос на основните стандарди на финансиско управување важни за организациите. Покрај добиеното теоретско знаење, учесниците добија шанса низ практични вежби да го применат наученото.

Обуката ја водеа Николаки Миов и Кристина Тилиќ, овластени ревизори со повеќе од 25 години искуство во ревизии и спроведување на обуки за финансиско управување и сметководствени практики.

Обуката се реализираше во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општетсво – дражвно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Финансиското работење треба да е јасно и за пошироката јавност