Награди за најдобрите прикази на тутунското секојдневие - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Награди за најдобрите прикази на тутунското секојдневие PDF Print E-mail
Monday, 28 January 2019 16:08

Вкупно 56 деца од основните училишта во општина Кривогаштани беа наградени на четвртиот по ред конкурс на тема „Создаваме нови приказни од старите сказни“ што го организираа Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), општината Кривогаштани и основните училишта „Манчу Матак“, „Јонче Смугрески“ и за првпат „Страшо Пинџур“.

Nagradi za najdobrite prikazi na tutunskoto sekojdnevie 2

Оваа година 300 деца од 6 до 14 години конкурираа со 57 изработки од рециклирани материјали кои се користат во тутунопроизводството. На овој начин, освен што го намалуваат тутунскиот отпад, исто така влијаат на подигнување на свеста кај нивните родители за елиминирањето на детската работа во процесот на тутунопроизводство.

Како и секоја година, така и оваа најдобрите девет дела беа наградени. Освен тоа, членови на драмската секција ја изведоа нивната драматизација „Гласно утро“, преку која на комичен начин го прикажаа секојдневието на тутунарите и работата на нивите со Ромите аргати, кои сѐ почесто се дел од тутунското секојдневие.

Nagradi za najdobrite prikazi na tutunskoto sekojdnevie 3

Организаторите рекоа дека претставува вистинско задоволство да се гледа среќата на лицата на наградените и ентузијазмот со кој го очекуваат следниот настан, бидејќи сакаат наредната година да бидат уште подобри.

На настанот беше промовирана и брошурата „Тутунското секојдневие низ детската креативност“, во која се прикажани сите наградени дела на натпреварот од изминатите три години и која покажа како расте свеста кај децата и родителите за Земјоделските работни практики (ALP) и за елиминирање на детскиот труд во тутунопроизводството. 

Nagradi za najdobrite prikazi na tutunskoto sekojdnevie 1

На манифестацијата присуствуваа претставници од организаторите на конкурсот, голем број на ученици и родители, но и претставници на тутунските компании: Сокотаб, Тутунски комбинат Прилеп и Алијанс Уан.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Награди за најдобрите прикази на тутунското секојдневие