Резултати од првиот „Граѓански пулс“ за Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Резултати од првиот „Граѓански пулс“ за Македонија PDF Print E-mail
Tuesday, 29 March 2016 09:03

МЦМС го помогна спроведувањето на првата онлајн анкета Граѓански пулс на ЦИВИКУС-Светската алијанса за граѓанско учество што се одвиваше во периодот од 21 јануари до 8 февруари 2016 година.

Rezultati od prviot Gragjanski puls za Makedonija

Анкетата дава краток преглед на перцепцијата за моменталната состојба во која делува граѓанското општество и се базира на одговорите на вкупно 154 испитаници, претставници на граѓанското општество. Областите кои се опфатени со анкетата се: почитувањето на основните слободи, трендовите на финансирање и влијанието на граѓанското општество во процесите на креирање политики и волонтерските практики. При разгледување на анализата треба да се има предвид дека станува збор за мал примерок чија перцепција не е поткрепена со секундарни податоци кои би овозможиле подлабински заклучоци.

Според прелиминарните наоди, граѓанското општество делува во ограничен простор и се чувствува ранливо главно поради недостигот од заштита од страна на институциите (полицијата, судство итн.). Условите во кои функционираат граѓанските организации во Македонија се негативно оценети т.е. повеќе од 80 % од испитаниците одговориле дека се под просекот. Дополнително 46,1 % сметаат дека условите се влошени во последниот квартал од 2015 година за кој се однесува анкетата.

Анализата на индивидуалните индикатори покажува дека само слободата за пристап и изразување на Интернет (вклучително и социјални медиуми) е оценета над просечно (5.2), а финансиската поддршка (2.7), условите за граѓанска акција (3.0) и правото за слободно делување на организациите без вмешување од страна на државата се најниско оценети (3.1). Значително пониската оцена на општиот индикатор за слободата на изразување (3.3) во однос на другите индикатори, упатува на затвореност на традиционалните канали на комуницирање и организирање, заради што граѓанското општество во Македонија е упатено на Интернет просторот за своите активности.

Rezultati od prviot Gragjanski puls za Makedonija 2

Од клучните компоненти на граѓанскиот простор, највисоко е оценета слободата на здружување со 4.7 од максимални 10 поени, додека слободата на собирање со 4.0 и слободата на изразување со 3.3. Спротивно на ниската оценка на претставниците на граѓанското општество за условите за граѓанска акција во Македонија (3.0), спремност да учествуваат во трансформативна граѓанска акција постои кај најголем дел од нив.

Граѓанскиот пулс ќе се спроведува квартално на светско ниво, а во регионот на Западен Балкан Македонија е единствата вклучена земја. Целта е да се обезбедат редовни податоци кои граѓанското општество може да ги користи за застапување на сопствените интереси. 

Информации за вклучување во истражувањетои како и за резултатите од него можете да добиете на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it , како и преку веб-страницата и социјалните мрежи на МЦМС.

МЦМС беше одговорен за дисеминација на прашалникот и резултатите од одговорите на прашалникот, додека методологијата и анализата на резултатите ја подготви ЦИВИКУС-Светска алијанса за граѓанско учество посветена на зајакнување на граѓанската акција и граѓанското општество низ светот. Граѓанскиот пулс е една од компонентите на новиот Монитор на граѓанскиот простор (Civic Space Monitor), веб-платформа која треба да биде промовирана во Септември 2016 година.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Резултати од првиот „Граѓански пулс“ за Македонија