МЦМС изрази сочувство за смртта на Киро Глигоров - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС изрази сочувство за смртта на Киро Глигоров PDF Print E-mail
Wednesday, 04 January 2012 19:40

По повод смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Република Македонија, претставници на МЦМС  се потпишаа во книгата на жалост. МЦМС ја искажа својата благодарност за учеството во поставувањето на темелите на македонската држава, но и за поддршката што претседателот Киро Глигоров  ја даваше на граѓанското општество и на МЦМС во раните години од неговото постоење.

kiro-gligorov-mcms

Починатиот претседател Киро Глигоров во повеќе наврати ја потенцираше потребата од развиено граѓанско општество.

Една од таквите прилики се случи во ноември 1996 година кога претставници на МЦМС и на Конзорциумот за Македонија беа примени од претседателот Глигоров. На средбата беше потврдено значењето на граѓанските организации и на односите со државата во изградбата на граѓанското општество.

МЦМС секогаш ќе се сеќава на средбите и разговорите,  како и на придонесот на претседателот Киро Глигоров за Македонија и граѓанското општество во Македонија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News МЦМС изрази сочувство за смртта на Киро Глигоров