Јавен повик за доставување на понуди за изработка на комуникациска стратегија за програмата „Граѓаните против корупција“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен повик за доставување на понуди за изработка на комуникациска стратегија за програмата „Граѓаните против корупција“ PDF Print E-mail
Tuesday, 19 September 2023 21:04

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Ве поканува да доставите понуда за избор на добавувач за изработка на комуникациска стратегија.  

kom strat gpk

Набавката е наменета за потребите на  програмата „Граѓаните против корупција“, поточно за проектот „Видливост на програмата“ бр. 23 14 ГПК 301, финансиран од Американската агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија УСАИД. Проектот е заведен во Централната база на податоци на Владата на РМ за странска помош (ЦДАД), со број на потврда 07/05-23/7853.  

Ве молиме земете ги предвид информациите и барањата дадени подолу за доставување на техничките и финансиските делови од понудата.

1. Цел, пристап и активности на програмата 

МЦМС ги продолжува напорите за добро владеење и борба против корупцијата преку јакнење на демократските капацитети на сите чинители. Програмата „Граѓаните против корупцијата“ е дел од тие напори.

Општа цел на програмата е да се зголеми вклученоста и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на реакцијата на државните институции и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.

Целокупниот програмски пристап се заснова на широка акција за подигање на свеста која ги обединува граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор. Пристапот на програмата е:

  • Застапување засновано на докази 
  • Кампања за реформи
  • Колективна граѓанска акција против корупцијата 
  • Финансиска поддршка и менторство
  • Медиумски објави за корупцијата 
  • Приватниот сектор ангажиран во јакнење на интегритетот

Програмата ќе се спроведува преку повеќе активности, организирани во следните компоненти:

Компонента 1: Подобрено знаење и свест на граѓаните за борбата против корупцијата и промовирање на доброто владеење и одговорноста.

Клучни активности: Креирање содржина, организирање кампањи  за информирање и мобилизација на граѓаните за преземање директна акција во насока на  надгледување на работата на институциите. Соработка со медиумските партнери, кредибилни медиумски платформи, организирање на настани, снимање подкасти и промоција на апликацијата против корупција.

Компонента 2: Граѓанското општество игра активна улога во борбата против корупцијата.

Клучни активности: Финансиска и менторска поддршка на граѓански организации, иницијативи и мрежи со цел зајакнување на нивните капацитети на тема антикорупција, стимулирање на меѓусебна соработка и со други клучни и релевантни институции,  спроведување на истражување - Мониторинг Систем за Корупција кој ќе ги следи искуствата со корупција, перцепциите, очекувањата како и ранливите сектори во општеството како и  способноста на институциите да се борат со корупцијата. 

Компонента 3: Медиумите играат активна улога во откривањето и справувањето со корупцијата.

Клучни активности: креирање и промоција на истражувачки приказни објавени на ТВ и други популарни онлајн медиумски платформи, иновативни мултимедијални истражувачки активности со кои ќе се опишат проблемите со корупцијата, активно вклучување на граѓаните преку социјалните медиуми  како и посета во различни градови. 

Компонента 4: Приватниот сектор вклучен во борбата против корупцијата.

Клучни активности: Застапување, вклучување и соработка  на јавните институции со приватниот сектор во насока на извршување на националната и интернационалната рамка против корупција, промовирање на добри практики на компаниите како додадена вредност во приватниот сектор, подобрување на нивните капацитети за интегритет, зајакнување на релевантноста на Судот на честа во стопанската комора, имплементација на политики за антикорупција во приватниот сектор итн. 

Директни корисници на програмата се граѓаните, граѓанските организации, граѓанските активисти, медиумите и приватниот сектор.

Индиректни корисници се државните институции во Северна Македонија.

2. Партнери на програмата

МЦМС ја спроведува програмата во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), 360 Степени, Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ) и Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН).

3. Период на спроведување: 3 април 2023 година - 2 април 2028 година. 

Комуникациската стратегијата треба да го опфати целиот период на имплементација на програмата. 

4. Опис на услугата 

Комуникациската стратегија треба да биде дизајнирана согласно програмските активности со цел да ги вклучи и да комуницира со целните групи (граѓаните) и засегнатите страни. Таа треба да содржи креативни начини и предлози за:

  • графички дизајн/предлози и решенија за програмските продукти, 
  • предлози за онлајн и офлајн промотивни материјали,
  • присуство и промоција на традиционални медиуми,
  • кампањи и интерактивни предлози за социјални медиуми 
  • предлози за промоција на настани и герила акции
  • предлози за промоција на продуктите од програмата (апликација, игри и сл.) 
  • предлози за следење и мерење на ефикасноста/успешноста на сите наведени активности

Проектниот тим ќе биде достапен за консултации во врска со проектните активности при изработка на стратегијата, и истата ќе треба да биде усогласена со правилата за видливост и брендирање на УСАИД. 

5. Начин на аплицирање

Заинтересираните лица/агенции треба да ги достават следниве документи:

  1. Биографија и портфолио
  2. Предлог концепт со креативни предлози за услугите наведени во точка 4, врз основа на кој избраниот добавувач со помош на проектниот тим ќе ја развива комуникациската стратегија
  3. Финансиска понуда за подготовка на стратегија како финален продукт 

Финансиска понуда за услугата треба да е  изразена во денари без ДДВ. Финансиската понуда треба да се однесува за изработка на краен продукт: комуникациска стратегија за програмата. Повикот е отворен за правни и физички лица/професионалци од областа.

Контакт лице за овој повик е Јелмаз Дервиши, соработник за комуникации. Заинтересираните добавувачи треба да достават понуда со потребната документација за бараната услуга на е-маил адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Краен рок за достава на понудите е 3 октомври 2023 г.

Нарачателот може да ги земе во превид и понудите кои ќе пристигнат по дадениот рок доколку истите ги смета за поволни.

6. Критериуми за избор

Критериуми за избор на добавувач се:

  • Квалитет на портфолио и претходно искуство во слични ангажмани - 15%
  • Креативност и иновативен пристап на предлог концептот - 45%
  • Финансиска понуда - 40%

Врз основа на овие критериуми, нарачателот ќе донесе одлука за избор на најдобрата понуда и ќе ги извести сите добавувачи за направениот избор. Нарачателот ќе стапи во контакт и комуникација само со добавувачот чија понуда ќе биде избрана. 

Нарачателот го задржува правото да избере понуда пристигната надвор од рокот или да не избере ниту една од пријавените понуди.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Јавен повик за доставување на понуди за изработка на комуникациска стратегија за програмата „Граѓаните против корупција“