Обука за евроинтеграции за граѓански организации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Обука за евроинтеграции за граѓански организации PDF Print E-mail
Thursday, 12 November 2020 15:51

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма ги покануваат сите заинтересирани претставници на граѓански организации да се пријават на обуката за евроинтеграции која ќе се одржи онлајн на 26 и 27 ноември 2020 година.

obuka za evrointegracii

На обуката учесниците ќе се стекнат со знаења за процесот на пристапување, институциите кои се вклучени во него од страна на ЕУ но, и од наша страна како кандидати за членство. Заедно со обучувачите ќе разговараат за тоа каде се граѓанските организации во процесот и како организациите да бидат проактивни нудејќи ја својата експертиза. На обуката ќе се зборува и за тоа каде е Македонија сега во процесот на евроинтеграции, што е скринингот, а што билатералниот скрининг, што значи да се почнат преговори, како ќе се утврдуваат преговарачките позиции и како ќе се преземаат обврските за прилагодување на нашето кон ЕУ законодавството. Дел од програмата ќе бидат и извештаите за напредокот и новата методологија за преговори.    

Ги поттикнуваме да се пријават сите оние кои сакаат да се стекнат со нови или да ги прошират своите знаења во областа на евроинтеграциите и кои се силно мотивирани во иднина да го пренесат нивното знаење на другите.

Рокот за пријавување  е 22 ноември 2020 година. Сите заинтересирани кандидати треба да ја пополнат пријавата.

Пријавите ќе бидат оценети и селектирани од страна на МЦМС, Телма ТВ и обучувачите. Селектираните кандидати ќе бидат известени најдоцна на 23 ноември 2020 година.

Обуката ќе биде спроведена онлајн.

За сите дополнителни информации контактирајте го Горан Стаматоски, на е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Обуката е дел од проектот ЕУро Фокус што го спроведуваат МЦМС и Телевизија Телма, а финансиски е поддржан од проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Обука за евроинтеграции за граѓански организации