Во каков правец се движи државата? - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Во каков правец се движи државата? PDF Печати Е-пошта
Вторник, 24 декември 2019 15:40

Речиси половина од граѓаните (46,7%) сметаат дека државата се движи во погрешна насока, покажаа резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) со кое се проверуваа перцепциите на граѓаните за актуелните политички случувања во земјата.

Glasachki stavovi i percepcii za aktuelnite sluchuvanja

За разлика од нив 31,1% сметаат дека земјата се движи во добра насока, а секој петти (20,5%) смета дека насоката е иста, односно, ништо не е променето. Мнозинство од испитаниците (68,0%) одговориле дека донекаде не се согласуваат и воопшто не се согласуваат со тоа дека Владата направила доволно за случајот Рекет. Мнозинство (55,1%) се и оние кои донекаде и воопшто не се согласуваат со тоа дека опозицијата ќе биде доволно посветена на реформската агенда кон ЕУ. 

На прашањето „Дали според Вас, треба целосно да се имплементира Преспанскиот договор, без оглед на исходот на последниот самит на Европскиот совет?“, една третина од испитаниците (33,2%) одговориле позитивно, додека пак нешто повеќе од половина од испитаниците (55,8%) одговориле негативно.

Речиси половина од испитаниците сметаат дека Владата е виновна за недобивање на датум за преговори со ЕУ (46,8%).  Мало малцинство од испитаниците вината за недобивање на датум за преговори ја гледаат кај Франција (22,5%) и внатрешните проблеми на ЕУ (15,6%). Незначително малцинство од испитаниците сметаат дека опозицијата е виновна за недобивање на датум за преговори со ЕУ (9,7%). На прашањето за тоа кои се алтернативите сега, мнозинство од испитаниците одговориле дека треба да продолжиме со реформите без оглед на исходот со датумот за започнување на преговори со ЕУ (65,3%),  а мало малцинство од испитаниците одговориле дека сега алтернатива треба да ни биде Евроазиска Унија (21,8%).

glasacki stavovi i percepciiИстражувањето „Гласачки ставови и перцепции за актуелни политички случувања“ е составено од три дела:  Моментални политички случувања во државата, Доверба во политичарите и рејтинзи на политичките партии и Ставови во однос на изборниот процес и потребата од нови политички партии. Останатите два дела од истражувањето ќе бидат објавени во текот на неделата.

Податоците за последната анкета беа прибирани со теренска анкета во периодот од 15 ноември до 1 декември 2019 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Во каков правец се движи државата?