Животниот стандард е лош, ама граѓаните веруваат дека ќе им биде подобро за пет години - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Животниот стандард е лош, ама граѓаните веруваат дека ќе им биде подобро за пет години PDF Печати Е-пошта
Петок, 18 јануари 2019 11:32

Испитувањето на перцепциите за животниот стандард на МЦМС и Телевизија Телма покажаа дека три четвртини од граѓаните (75,0%) себеси се гледаат во првата половина на скалата од еден до 10. Сепак постои оптимизам затоа што 48,1% од испитаниците себеси се гледаат во втората половина од скалата за пет години од сега. Образованието и возраста на испитаниците влијаат на перцепциите па така, оние со повисоко образование и помладите се поотимистични во поглед на животниот стандард. 

Zhivotniot standard e losh ama gragjanite veruvaat deka kje im bide podobro za pet godini

Вработеноста кај мажите е повисока (50,9%) од онаа кај жените (33,3%). Најголем број од вработените се на возраст помеѓу 30 и 49 години. Што се однесува до приходите, една четвртина од граѓаните немаат лични приходи, а меѓу нив побројни се жените (31,7%) од колку мажите (19,2%), етничките Албанци (38,4%) од колку етничките Македонци ((20,0%) и младите на возраст од 18 до 29 години (39,4%). 

Повеќе од половината (52,6%) едвај можат или не можат да си го дозволат неопходното, додека само 12,8% можат да си дозволат повеќе од потребното. Меѓу оние кои не успеваат да си го дозволат неопходното побројни се етничките Албанци (39,4%) за разлика од етничките Македонци (17,6%), како и оние со пониско образование. 

Една третина од испитаниците не можат да си дозволат да одат на лекар кога имаат потреба од тоа. Најбројни меѓу нив се оние без образование (70,0%) и оние со завршено основно образование (55,9%), земјоделците (59,1%) и невработените. Сепак, 61,4% изјавиле дека го набавуваат лекот приватно ако го нема во аптека во квотата на рецепт.

Речиси половина од испитаниците не можат да си дозволат ниту еден ден одмор во годината. Нивниот број се зголемува со возраста од 20,7% кај оние помеѓу 18 и 29 до 71,2% кај оние помеѓу 50 и 64 години. Етничките Албанци (59,7%) се побројни меѓу оние кои не можат да си дозволат ниту еден ден одмор, за разлика од етничките Македонци (42,7%). Неможноста за одење на одмор расте како што паѓа нивото на образование. Вкупно 38,9% можат да си дозволат максимум 10 дена, а секој петти никогаш не бил на одмор.

Zhivotniot standard e losh ama gragjanite veruvaat deka kje im bide podobro za pet godini 2

Повеќе од половината (53,5%) никогаш или ретко консумираат оброк во ресторан, а 82,0% никогаш или ретко одат во кино или во театар. За сметка на тоа, 78,2% се социјализираат преку дружењето со пријателите и тоа од еднаш дневно до неколку пати месечно. 

За МЦМС и Телма, анкетата ја спроведе М-проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 27 јуни до 5 јули 2018 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници. 

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД. 

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Животниот стандард е лош, ама граѓаните веруваат дека ќе им биде подобро за пет години