Доделени осум нови мали грантови за граѓанските организации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Доделени осум нови мали грантови за граѓанските организации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 04 nëntor 2020 16:10

20201104 MAK 2 Q5

Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа во петтиот круг од повикот за мали грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02).

Избраните осум грантисти ќе работат на подобрување на условите и правата на работниците, создавање пристојни работни места за младите, ќе ја подигнат свеста за секојдневните предизвици на лицата со оштетен вид, како и свеста кај руралното население за зелената економија и потребата од заштита на животната средина, а исто така ќе го испитуваат присуството на тешки метали и други примеси во водата на Каменичка Река. Покрај тоа, тие ќе споделуваат важни информации и анализи за состојбите во доброволните противпожарни друштва во земјава, ќе го олеснат образовниот процес кај децата од руралните средини и нивната интеракција со децата од урбаните средини, а исто така ќе ги зајакнат вредностите на меѓуетничкиот живот во Охрид преку најмладите.

Добитници на мал грант се следните организации:

Еколошко друштво Здравец 2002 со проектот „Мониторинг на Каменичка Река“;

Доброволно противпожарно друштво Свети Николе со проектот „Доброволните противпожарни друштва, активни општествени чинители!“;

Здружение за мултикултурна интеграција ИНКЛУЗИЈА, Охрид со проектот „Низ една призма - сите сме исти“;

Здружение за развој на образование, култура, наука, спорт и туризам во руралните средини НОВА ЅВЕЗДА-Турско здружение Долно Количани Студеничани со проектот „Да не ги заборавиме децата од руралните средини“;

Здружение на производители на градинарски и цвеќарски видови „Хорти Еко“, Струмица со проектот „ Од земјоделски отпад до ‘црно злато’“;

Здружение за социјални и културни активности Центар за креативни комуникации Скопје со проектот „Специјален и единствен проект во Македонија наменет за слепи и лица со оштетен вид“;

Центар за интеграција на млади „Младински сон“ Струга со проектот „Заштита на работните права“;

Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник со проектот „Унапредување и одржување правични и продуктивни работни средини за развој на локалната заедница“.

Акциите на новите грантисти ќе се однесуваат на животната средина и природните ресурси; деца, млади и студенти; информации, комуникации и медиуми; човекови права; како и вработување.

Поддржаните организации доаѓаат од Македонска Каменица, Свети Николе, Охрид, Струга, Прилеп, Скопје, Долно Количани и Струмица.

Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој квартал изнесува 2.495.529 денари.

Повикот за аплицирање за мали грантови останува отворен до 30 јуни 2022 г. Концептите може да бидат доставени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Доделени осум нови мали грантови за граѓанските организации