Граѓанското новинарство – моќна алатка во рацете на граѓаните - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓанското новинарство – моќна алатка во рацете на граѓаните PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E premte, 28 prill 2017 23:55

Шеснаесет претставници на граѓански организации и активисти добија знаење и вештини што ќе им овозможат да практикуваат граѓанско новинарство

Gragjanskoto novinarstvo  mokjna alatka vo racete na gragjanite

Тие учеа и практикуваа како да препознаат интересна вест која вреди да биде објавена; како да направат фотографија која на вистинскиот начин ќе ги визуелизира пораките што сакаат да ги пренесат; ги подобрија знаењата и вештините за употреба на социјалните медиуми и дискутираа за етичките прашања во практикувањето на граѓанското новинарство.

„Граѓанското новинарство им е добредојдено на професионалните новинари затоа што во некоја рака ги надополнува во она што го прават“, им рече на учесниците Боби Христов, новинар на ТВ Телма и еден од обучувачите. Тој ги поттикна да бидат креативни во пишувањето и да се обидат да ги гледаат случувањата од перспектива на публиката.

Учесниците изразија задоволство од она што имаа можност да ги слушнат, научат и практикуваат. Нивната мотивираност за известување ќе ја збогати содржината за која се известува.

Обуката се одржа во МЦМС во Скопје, на 27 и 28 април 2017 година. Учесниците главно беа од Скопскиот и од Полошкиот регион. Ова е една од активностите планирани со проектот „Топ тема на ваша страна“, што МЦМС го спроведува заедно со Телевизија Телма. Проектот е финансиран од УСАИД. 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓанското новинарство – моќна алатка во рацете на граѓаните