Подобро разбирање на структурата на буџетот на РМ - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Подобро разбирање на структурата на буџетот на РМ PDF Печати Е-пошта
Среда, 21 септември 2016 13:30

graganska-zavrsna-smetka-2014Библиотеката на МЦМС е збогатена со новата публикација „Граѓанска завршна сметка 2014“ на проф. др. Никица Мојсоска Блажевска, која претставува водич низ Завршната сметка на Република Македонија. Таа треба да им послужи на граѓаните, на граѓанските организации, на студентите и општо на јавноста како алатка, преку која ќе се запознаат со основните поими и факти за буџетот на РМ.

Публикација го олеснува читањето и разбирањето на „комплексниот“ буџет и завршната сметка и им овозможува на граѓаните на Република Македонија да бидат активни чинители во следење на трошењето на јавните средства.

Публикацијата се состои од три дела. Првиот, дава општ преглед на поимите поврзани со јавните финансии и буџетот. Вториот дел е посветен на начинот на прикажување на податоците во завршната сметка на буџетот преку прегледи и примери, додека третиот дел дава детален осврт на приходите и расходите, како и на нивната структура. Авторката повремено прави споредба на домашниот, со буџетот на државата, обидувајќи се уште повеќе да го доближи ова четиво до граѓаните.

Издавањето на „Граѓанска завршна сметка 2014“ е дел од Програмата на УСАИД за антикорупција.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Подобро разбирање на структурата на буџетот на РМ