Повик за доставување предлог проекти: Словачки и Балкански фонд за јавни политики - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Повик за доставување предлог проекти: Словачки и Балкански фонд за јавни политики PDF Печати Е-пошта
Среда, 07 август 2013 15:55

Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) во соработка со фондацијата Понтис го објави вториот повик за доставување предлог проекти кои ќе опфатат подготовка на предлог документи за јавни политики на една од приоритетните теми: (1) Демократија и владеење на правото; (2) Малцински заедници. На повикот можат да се пријават истражувачи и организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Истражувачите (до 35 години) можат да пријават проекти за грантови до 3000 евра, а организациите, за грантови чиј максимален износ е 5000 евра.

Сите заинтересирани истражувачи/организации потребно е да приложат кратка биографија (на англиски јазик), Предлог проект и Буџет на предлог проектот на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Сите информации за објавениот повик може да ги најдете на следниот линк. Рокот за доставување на бараните документи е 10 септември 2013 година.

МЦМС, како партнер во проектот „Аки (Acquis) на балканското граѓанско општество - јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“  е дел од процесот на доделувањето грантови. Подготвените документи за јавни политики засновани на утрврдените јазови во извештаите за напредок на ЕУ, да бидат значителен извор на податоци при подготовката на новиот извештај.

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност Вести Повик за доставување предлог проекти: Словачки и Балкански фонд за јавни политики