Цивика мобилитас објавува нов повик за доделување партнерски акциски грантови [ЦМ-ПАГ-01] Печати
Вторник, 15 ноември 2022 14:43

Пријави на повикот можат да поднесат:

  1. граѓански организации кои се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10);
  2. непрофитни научно-истражувачки установи регистрирани согласно Законот за научно -истражувачка дејност.
  3. формално регистрирани мрежи, коалиции, сојузи или платформи регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (2010 г. Сл. Весник 52/10); сочинети од најмалку три (3) организации.

Покрај водечката организација, во пријавата мора да се вклучат најмалку два партнери. Партнерите треба да исполнува една од погоре наведените категории.

partnerski akciski grantovi 1024x538

Овој критериум за подобност не се однесува и за формално регистрираните мрежи, коалиции, сојузи или платформи сочинети од најмалку три (3) организации. Тие се подобни за пријавување без партнери – организациите од листата на сопственици ќе се сметаат за партнери.

Пријавите за повикот се поднесуваат само по електронски пат (е-пошта) на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Повикот се состои од Водич за апликантите и Образец за пријава со прилози.

Предложените партнерски акции треба да придонесат кон целите и приоритетите на овој повик кои може да ги најдете во водичот за апликанти. Времетраењето на активностите треба да биде помеѓу девет (9) и десет (10) месеци. Големината на побараниот грант треба да биде помеѓу 3.000.000 и 4.500.000 денари. Расположливиот вкупен износ за овој повик е 36.000.000 денари. Организациите може да поднесат само една пријава на овој повик – во улога на апликант или на партнер.

Пријавите мора да се поднесат преку електронска пошта со назнака: „Повик за партнерски акциски грантови реф. бр. ЦМ-ПАГ-01“ на следната адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Краен рок за поднесување на пријавите е 5 декември 2022 г. до 13 часот, датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на пријавата во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на пријавата со повратен одговор на нивната електронска порака.

Цивика мобилитас нема да ги прифати апликациите пратени по редовна пошта или лично доста-вените апликации.

Пријавите мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи во соодветен формат (word/excel и во PDF каде што е применливо) и нема да надминува 20MB:

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  најдоцна до 30 ноември 2022 г. и треба во предметот на пораката да го содржат референтниот број за овој повик (ЦМ-ПАГ-01). Прашања може да бидат поставени и преку веб-страницата на Цивика мобилитас.

ПРЕЛИМИНАРНА ВРЕМЕНСКА РАМКА

Отворање на повикот за предлози 11 ноември 2022 г.
Краен рок за поднесување на пријави 5 декември 2022 г., 13.00 ч.
Одлука на Комисијата за избор на грантови декември 2022 г.
Известување за доделени грантови и за одбиените пријави декември 2022 г.
Преговори и потпишување договори декември 2022 г. / јануари 2023