Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

100 дена Влада и локални избори 2017 PDF Print E-mail

Автор: Гонце Јаковлеска
Датум: септември 2017г.
PDF: 100-dena-vlada-i-lokalni-izbori.pdf

100 dena vlada i lokalni izboriТелевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) спроведоа истражувања на јавното мислење на тема: „100 дена Влада и локални избори“.

По стапувањето на должност на новата Влада јавноста со голем интерес ги следеше сите чекори кои таа ги преземаше. Големите очекувања создадени за време на предизборната кампања и потоа, додека траеше процесот на воспоставување на Владата, додадоа на сензитивност на целата ситуација. И покрај непишаното правило за првите 100 дена на Владата, јавноста не се откажа од коментирање, сугерирање и критикување на некои од решенијата. Поради се ова, а особено заради фактот дека по 10 години дојде до промена на власта, изминувањето на првите 100 дена и отчетот за нив беа очекувани со нетрпение.

Изминувањето на 100 дена од воспоставувањето на новата Влада се поклопи со подготовките за одржувањето на локалните избори 2017. Овие избори многумина ги доживуваат како тест за  нови предвремени парламентарни избори – особено ако се има предвид „тенкото“ мнозинство на новата Влада. Но, и покрај ова, самите избори кои многу понепосредно ги засегаат граѓаните и нивното секојдневие, се високо на скалата на интерес на целата јавност.

МЦМС и Телевизија Телма имајќи го предвид големиот интерес на јавноста за овие прашања одлучија да ги проверат перцепциите на граѓаните за тоа колку се задоволни од работата на новата Влада, од работата на министерствата, за тоа на што Владата обрнува најмногу внимание, а на што би требало да обрне внимание како и за Планот 3-6-9. Паралелно со прашањата за 100 дена Влада, беше направен сет од прашања поврзани со локалните избори. Граѓаните беа прашани дали ќе излезат и ќе гласаат на изборите, што ќе влијае на нивната одлука за кого ќе гласаат, што сметаат дека треба да бидат приоритетите на еден градоначалник.

Покрај тоа, беше направена проверка на нивната партиска и етничка сензитивност, односно, дали би гласале за политичката партија чиј симпатизер не се и дали би гласале за кандидат на друга етничка заедница. Покрај ова, направена е и проверка на рејтинзите на политичките партии и нивните лидери. Таму каде што е било возможно, направени се споредби со податоците од претходните истражувања, па читателот може да види како растела или опаѓала поддршката во последната година. 

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“ подржана од УСАИД. Анкетата ја спроведе агенцијата М-проспект. 

 
Се наоѓаш тука  : Home Our Work Awards & Recognitions National