Реновирање на школото како роденденски подарок - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реновирање на школото како роденденски подарок PDF Print E-mail
Wednesday, 29 November 2017 15:32

„Ова е значително подобрување на условите во училиштето, родителите се презадоволни“, ни рече Светлана Масларевска, директорка на Основното училиште „Коле Неделковски“ од Скопје чиe реновирање неодамна го заврши Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). „Знаете“, додаде таа, „секој родител сака неговото дете да учи во убави услови, а токму тие услови се и фактор за спроведување солидна настава. Со оглед на тоа што училиштето слави 60 години постоење, ова ни дојде како роденденски подарок“- вели директорката Масларевска.

renoviranje na shkoloto kako rodendenski podarok 1

Во училишните простории се монтирани 65 нови врати, поставен е нов ламинатен под во сите училишни простории и канцеларии, бојадисани се ѕидовите во училниците, реновирана е училишната библиотека, оградено е отвореното спортско игралиште во школскиот двор, и комплетно е опремена една училница со клупи, столови, плакари, лаптоп и интерактивна табла.

Преку ова реновирање, не само што се санираа физичките оштетувања во просториите каде децата и наставниците го поминуваат најголемиот дел од своето време, туку, се обезбеди и солидна основа за модернизација на самиот образовен процес, односно методите и алатките кои се очекува наставниците да ги користат.

„Децата се радосни бидејќи сакаат да работат во нов амбиент и во нов ентериер“, рече една од наставничките која предавањата кај нејзините второодделенци ги одржува во комплетно опремената училница. „Една од очигледните придобивки е дисциплината што произлегува од новите поединечни клупи. Исто така, со помош на интерактивната табла ќе можеме почесто да гледаме лекции за деца, по било кој предмет, а особено по природно-научните. Иако се на англиски јазик, тие имаат превод и децата одлично се снаоѓаат.“ 

renoviranje na shkoloto kako rodendenski podarok 2

Изведбата на проектот почна во јуни и траеше до ноември 2017 година, но, како што кажаа од училиштето, новата школска година во септември ја започнале со приредба во комплетно реновирано училиште. Благодарни се на ажурноста и ангажираноста на тимот на МЦМС и за навременото завршување на предвидените активности.  По започнувањето на наставата, беа завршени работите на оградувањето на спортското игралиште во школскиот двор. 

Реновирањето чинеше 60 илјади долари, а го финансираше Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Реновирање на школото како роденденски подарок