Јавен повик за понуди за избор на добавувач на истражувања на општествени теми [бр.11-284/5-2016] - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Јавен повик за понуди за избор на добавувач на истражувања на општествени теми [бр.11-284/5-2016] PDF Print E-mail
Saturday, 05 November 2016 00:00

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги поканува сите заинтересирани субјекти да учествуваат во тендерска постапка за набавка на истражувања. Предмет на набавката се истражувања на важни општествени теми кои ги засегаат граѓаните на Република Македонија.

Тендерската постапка се спроведува во рамките на проектот „Топ тема на ваша страна“, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а спроведуван од Телевизија Телма и Македонскиот центар за меѓународна соработка. 

Рокот за доставување на понудите е 11.11.2016 г. до 16:00 часот. 

Право на учество имаат сите заинтересирани понудувачи кои подигнале тендерска документација и кои ги исполнуваат условите наведени во тендерската документација. Заинтересираните понудувачи можат да подигнат тендерска документација лично во Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), на адреса: ул. Никола Парапунов 41А, Скопје, преку контакт на телефон 02 3088972, или преку електронска адреса This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Лице за контакт е Фанија Ивановска. 

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity Advertisements Јавен повик за понуди за избор на добавувач на истражувања на општествени теми [бр.11-284/5-2016]